Медиасет
Логан Пол продаде Покемон карта за рекордни 16,5 милиони долари
Логан пол, инфлуенсер и ѕвезда на WWE, постави нов светски рекорд со продажба на ретката Покемон карта „Pikachu Illustrator“ за 16,5 милиони долари (околу 13,9 милиони евра).Картата, која многумина ја нарекуваат „светиот грал“ на колекционерството на Покемон карти, беше продадена во понеделникот на аукција на куќата Goldin, по 41 ден наддавање.Пол истата карта ја купи во 2021 година за 5,275 милиони долари (околу 4,45 милиони евра) – и тогаш тоа беше Гинисов рекорд за една Покемон карта. Подоцна ја вгради во дијамантски ѓердан, во специјално куќиште, и ја носеше на WrestleMania 38 во 2022 година.Сара Касон, судијка од Guinness World Records, беше присутна на завршницата од аукцијата која се пренесуваше во живо на YouTube. Таа потврди дека постигнатата цена не е рекорд само за Покемон карти, туку и за било која колекционерска карта некогаш продадена на аукција.„О, Боже мој, ова е лудило“, изјави Пол по продажбата, ставајќи го ѓерданот со картата околу вратот на победничкиот понудувач, А. Џ. Скарамучи.Скарамучи е инвеститор во ризичен капитал и син на Anthony Scaramucci, поранешен директор за комуникации во Белата куќа.Картата е дизајнирана од Атсуко Нишида за натпревар одржан во 1998 година. Се верува дека постојат само неколку десетици примероци, а примерокот на Пол е единствениот со највисока оценка за зачуваност – 10.