Медиасет
Луѓе хоспитализирани поради халуцинации: Се повлекуваат гумите за џвакање од печурки
Два вида гуми за џвакање од печурки се повлечени во Австралија, откако неколку лица беа хоспитализирани поради „вознемирувачки халуцинации“ и повраќање.
Граѓаните се предупредуваат да не јадат гуми за џвакање од печурки од брендот Uncle Frog поради пријави дека потрошувачите „доживеале неочекувана токсичност“. Станува збор за бонбони Cordyceps и Lion’s Mane.
Други пријавени симптоми вклучуваат напади, анксиозност, поспаност или губење на свеста и забрзан пулс, пренесува хрватски Индекс. Властите истражуваат што точно имало во овие производи што ги предизвикало овие непријатни симптоми.
Владата објави дека тинејџерот бил пронајден во несвест на почетокот на овој месец, откако проголтал неколку бонбони.
,,Му беше дадена терапија и сега се опорави“, се вели во соопштението.
Веб-страницата Uncle Frog, која беше привремено затворена, претходно нудеше „специјално формулирани“ гуми за џвакање дизајнирани да „промовираат општата благосостојба“.