На македонската музичка сцена блесна ново музичко име Андреј Арсовски со прекар Луди. Тој го сними својот првенец сингл со наслов “Само така знаеме”.
Андреј вели дека ова е само почеток и на македонската публика и вети квалитетна музика со квалитетни видео записи.
„Од мал сум со музика и спорт, свирам пијано и гитара, ова е само мој почеток и започнување на една квалитетна музичка кариера за која се надевам дека ќе ја добијам посакуваната поддршка од публиката, во подготовка ми е нова песна и спот со кој очекувам голем успех“, вели изјави Андреј за нашата редакција.
Инаку Андреј е познат на домашната јавност по неговите успеси во кајакарската репрезентација на Македонија, каде во изминатиот период донесе медали од меѓународни натпревари.
View this post on Instagram