Медиасет

Луксузно крстарење со скап исход: Отштета од 220.000 фунти

Објавено на

Жена (45) која за време на крстарење со крузер на Carnival Cruise Line испила 14 текили и паднала по скали, добила отштета од околу 220.000 фунти по судска пресуда.Инцидентот се случил во јануари 2024 година, кога туристката, по консумирање поголема количина алкохол во барот на бродот, паднала по скали и се здобила со потрес на мозокот, главоболки, повреди на грбот и модринки. Подоцна била пронајдена без свест во дел од бродот наменет само за екипажот, пренесува Sky News.Поротата во Мајами пресудила во нејзина корист, оценувајќи дека компанијата постапила несовесно.Нејзиниот адвокат истакнал дека случајот ја отвора темата за ризиците од „all-inclusive“ пакетите за пијалаци, кои, според него, поттикнуваат прекумерна консумација на алкохол и создаваат притисок врз персоналот да служи повеќе пијалаци заради бакшиш, наместо да внимава на безбедноста.Од компанијата, пак, не се согласуваат со пресудата, тврдејќи дека нема докази дека жената покажувала знаци на пијанство, како нестабилно одење, неразговетен говор или слично однесување.Во меѓувреме, во друг судски случај кој сѐ уште е во тек, свршеницата на маж кој починал на крузер на друга компанија тврди дека му биле послужени дури 33 алкохолни пијалаци, што дополнително ја отвора дебатата за одговорноста на туристичките оператори.

Трендинг

Exit mobile version