Пејачката Маја Оџаклиевска секогаш отворено зборува за аутизмот на својот внук Лука.
Овојпат сподели две емотивни видеа од внукот и повторно се отвори на оваа тема:
„Лука е роден како здраво бебе. Од првиот ден, тој изгледаше како неговите „очи да шараат“ што би рекол народот. На возраст од 6 месеци, со своите очи и движења го препознаваше своето име.
На возраст од една и пол година, тој веќе кажуваше зборови многу јасно, дури и се обидуваше да прави едноставни реченици.
Потоа ја прими вакцината за ММР.
Тој стана раздразлив преку ноќ, не можеше да спие со часови и покрај тоа што го нишавме и слушаше музика. Престана да зборува, да се смее, одбиваше храна и се врати во пелени. Кога беше будан, се криеше под масата и во ќошовите.
Во фрустрација, ќе си ја удираше главата од подот или ќе се удираше немилосрдно со тупаници. Се обидувавме да ја спречиме само-агресијата, а тоа се претвораше во агресија.
Го однесовме на ЕЕГ и тие ни рекоа дека тоа е сосема нормална функција на мозокот.
Лука денес има 10 години.
Тој сè уште не зборува.
Нападите на автоагресија и агресија станаа значително се намалија, благодарение на огромната количина трпеливост, љубов, толеранција, водство и урамнотежена исхрана.
Лука сака музика, долги прошетки, гушкање, возење (со сите средства за транспорт) и забранети слатки. Прогледуваме низ прсти, се разбира.
П.С. Не ме прашувајте зошто престанав да се фарбам, зошто ја скратив косата, или зошто ретко се појавувам.
Имам поважна работа.“
https://www.facebook.com/avionche/posts/10158609679719905