Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот, веќе неколку дена, и рече дека тој немал контакт со неа и поради тоа не е во самоизолација.
„Направено е тоа епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена би рекол 5-6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус“, изјави Мицкоски.