Медиасет.мк

Медиасет

Мајкрософт предупредува: Не се потпирајте на „Копајлот“

Иако Мајкрософт активно ja продава својата АИ алатка Microsoft Copilot на корпоративни клиенти, во условите за користење стои предупредување дека алатката е „наменета исклучиво за забава“.Ова предизвика реакции и критики на социјалните мрежи, особено затоа што станува збор за производ кој се промовира како сериозна деловна алатка. Во документот, последен пат ажуриран во октомври 2025 година, се наведува дека „Копајлот“ може да прави грешки и дека корисниците не треба да се потпираат на неговите одговори за важни одлуки.„Не се потпирајте на Копајлот за важни совети. Користете го на сопствен ризик“, стои во условите.Од компанијата признаваат дека ваквиот јазик е застарен и најавуваат негово менување во следното ажурирање.„Како што производот се развиваше, овој речник повеќе не одговара на начинот на кој денес се користи Копајлот и ќе биде изменет“, изјави портпарол на Мајкрософт.Сепак, Мајкрософт не е единствената компанија што користи вакви оградувања. И OpenAI и xAI предупредуваат дека нивните алатки не треба да се сметаат како единствен или апсолутен извор на точни информации.Ова повторно ја отвора дебатата за довербата во вештачката интелигенција, особено во ситуации кога ваквите системи се користат за сериозни деловни и општествени одлуки.

На почеток
error: