#ТРЕНД
„Мадам Тисо“ ја фрли восочната кукла на Доналд Трамп во ѓубре
Неколку дена пред претседателските избори во САД, музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Берлин, ја фрли во контејнер восочната фигура на Доналд Трамп. Популарниот музеј, освен восочната фигура, ги фрли и натписите „лажни вести“ и „отпуштен си“, кои се препознатливи за американскиот претседател. На контејнерот во кој беше фрлена фигурата на Трамп од музејот ставиле натпис „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Восочни фигури од Трамп има во неколку музеи на „Мадам Тисо“ низ Америка, а таму беа поставени по неговата победа на изборите во 2016 година. За сега не се знае дали музејот ќе ги задржи тие фигури или Трамп ќе биде отстранет од секој музеј.