Медиасет.мк

#ТРЕНД

Мадона била болна од коронавирус за време на нејзината турнеја

Американската пејачка Мадона на Инстаграм напиша дека била заразена со коронавирус, а убедена е дека се заразила кога била во Париз како дел од светската турнеја „Мадам Х“.

Таа донирала 1,1 милион американски долари за медицински и научни истражувања со цел што побрзо да најдат лек, т.е. вакцина за коронавирус.

„Благодарна сум и среќна што помогнав! Во моментот не сум болна, но неодамна бев тестирана за коронавирусни антитела и резултатот беше позитивен, што значи дека всушност сум била заразена … се разболев на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, заедно со многу други уметници со кои без заедно. Сите мислевме дека имаме многу тешка форма на грип. Фала му на Бога, сега сите сме добро и здрави. Знаењето е моќ“, напиша 61-годишната Мадона.

https://www.instagram.com/p/B_2sE9IB1OT/

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: