Медиасет.мк

#ТРЕНД

Мадона ќе дише „Ковид-19 воздух“, тврди дека има антитела

Мадона тврди дека има план да го „дише Ковид-19 воздухот“, откако претходно изјави дека има антитела за коронавирусот.

61-годишната пејачка ваквата изјава ја дава на видео објавено на „Инстаграм“, профил кој постојано го ажурира со нови информации нарекувајќи ги „Карантински дневник“.

„Направив тест пред некој ден. Дознав дека имам антитела, па утре ќе одам на едно долго возење со кола. Ќе се наведнам преку прозорецот и ќе го вдишувам Ковид-19 воздухот“, вели таа.

View this post on Instagram

#staysafe #staysane

A post shared by Madonna (@madonna) on

Светската здравствена организација издаде предупредувања околу тестовите за антитела, тврдејќи дека „нема доказ дека луѓето кои оздравеле од Ковид-19 и имаат антитела, се заштитени од второ заразување“.

Мадона е во изолација во нејзиниот дом во Калифорнија и постојано објавува видеа од неа и нејзините деца. Во еден наврат, таа изјави дека смета дека е имуна на коронавирусот. Не се знае дали кралицата на поп музиката досега имала некакви симптоми, но се уште не е докажано дека антителата во крвта го штитат организмот од втора инфекција.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: