Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија планираат заеднички да конкурираат за организација на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година.

Според планот, Европското првенство би се играло во Македонија, Србија и Словенија, при што секоја од трите земји би била домаќин на по две групи.

"Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме заедничката кандидатура, потребна ни е согласност. Договорот е Европското првенство да се игра во три држави, во секоја да има по две групи, а Србија да биде домаќин на финалниот викенд“, изјави првиот човек на српскиот ракомет Божидар Ѓурковиќ.

Српскиот сојуз очекува кандидатурата да биде поднесена откако ќе биде добиена согласност од сите три федерации. Според Ѓурковиќ, сите три земји имаат организациски можности за реализација на големото натпреварување.

Доколку кандидатурата биде прифатена, Македонија би била еден од трите домаќини на Европското првенство во 2034 година, со што би добила можност да биде дел од организацијата на едно од најголемите ракометни натпреварувања во Европа.

Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија, во 2030 година домаќини ќе бидат Чешка, Данска и Полска, додека шампионатот во 2032 година ќе го организираат Германија и Франција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 6 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 6 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања