Медиасет
Македонската музика го освои Хонг Конг: триумф на Симон Трпчески и „Makedonissimo“
Во полна сала на City Concert Hall во Хонг Конг, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески го претстави својот уникатен проект „Makedonissimo“, создавајќи спој на македонската и кинеската музичка традиција што ја воодушеви публиката.На настанот присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Кина, Сашко Насев, кој ја поздрави маестралната изведба на Симон Трпчевски и ја поддржа македонската уметност пред локалната бројната публика во Хонг Конг.Во објава на Фејсбук, Трпчевски рече дека имал особена чест да го претстави „Makedonissimo“ на „Asia+ – фестивалот на уметноста без граници“ во Хонг Конг.Со поддршка на визијата и посветеноста на Нелсон Лаи и неговиот извонреден тим од LCSD, кои го промовираа и мојот прв концерт во Хонг Конг во 2004 година. Овој настап претставуваше значајно уметничко враќање за мене.Настапот ги вклучи и извонредните локални музичари — Дидабој на суона, Пик Сум на ерху и композиторот Џони Јим. Заедно создадовме силна фузија на македонската и кинеската музичка традиција, која ја воодушеви публиката во City Concert Hall и ги крена присутните на нозе!Изразувам искрена благодарност до страстната и дарежлива публика во Хонг Конг, чии ентузијазам и топлина ги разбудија убавите спомени од моите претходни посети и ја направија оваа повторна средба особено значајна по многу години.Посебна благодарност упатувам и до македонската заедница во Хонг Конг, вклучувајќи го амбасадорот на Македонија во Кина, г. Сашко Насев, и неговата сопруга, кои допатуваа од Пекинг специјално за оваа пригода.Благодарам на сите пријатели на Македонија, Хонг Конг и Кина, чие присуство придонесе за вечер исполнета со длабока уметничка поврзаност и културна прослава. Гостопримството, почитта и топлината покажани кон ансамблот „Makedonissimo“ ќе останат незаборавни.Ансамблот и јас со нетрпение очекуваме повторно враќање и создавање нови, незаборавни музички моменти заедно.谢谢! Благодарам!, напиша нашиот светски познат Симон Трпчевски.