#ТРЕНД

Македонски бендови на годинашниот „Скопје колинг“

Објавено на

Продукцијата „Аволон“ објави дека петтото јубилејно издание на фестивалот „Скопје колинг“ ќе се одржи на 12 септември на стадионот на АРМ. Како што велат, вниманието на фестивалот ќе биде насочено кон пионерите и кон младите сили на домашната музичка сцена.

„Избирајќи внимателно, создадовме оргинална и балансирана комбинација на креативност, свежина и традиција…, со други зборови, на SKOPJE CALLING 2020, MACEDONIA’S FINEST EDITION оваа година ги имаме: Foltin, Last Expediton, Pluto’s Doubts и surprise act за кој дополнително ќе ве известиме. Pluto’s Doubts е тука да ни ја пренесе новата шармантна скопска авангарда, Last Expedition да ни покаже на што работеле за време на долгогодишната музичка пауза и да нè потсети што значи да се биде добрата стара школа, а FOLTIN, со Late Night Cabaret Performance, да ни покаже, барем на еден и пол час, како е да се живее младешки без обзир, раскошно, блудно и некомерцијално. За крај, објектот на изненадување е една млада, експлозивна, препознатлива фела, која е истовремено и дефинитивен домашен лидер на лајф-сцената. За приказнава да остане слатка и примамлива – нивното официјално откривање го оставаме за една недела од сега, 31 август“, велат организаторите на фестивалот.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре наутро за цена од 600 денари.

И овој настан, исто како претходните, ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Трендинг

Exit mobile version