Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Македонскиот народен театар на III Балкански театарски фестивал во Благоевград 

Медиасет.мк
пред 1 година
NNeprijatel-2_38

По учеството на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во БиХ, Македонскиот народен театар повторно со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на III Балкански театарски фестивал во Благоевград, Бугарија.

Оваа година драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград ги селектираше најдобрите претстави од Балканот, меѓу кои е и нашата претстава „Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Претставата ќе се одигра на 5 ноември, а програмата од 1 до 7 ноември оваа есен е насочена кон извонредни театарски достигнувања и вклучува и претстави од: Романија, Србија, Бугарија и Словенија.

Балканскиот театарски фестивал е еден од најголемите настани во културниот календар на Благоевград и има сериозни предуслови да стане водечки меѓународен културен форум на Балканот. Традиционално, фестивалот вклучува и програма со размена на проекти на млади режисери, изложби, концерти и дигитални инсталации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library58bcvlrqhtnedZFyCkX

(Видео) Од каде му се парите на Боки 13 за чанти и алишта вредни илјадници евра?

Сцена | пред 44 минути

jelena-karleusa-13-830x0-1

Редитори слават по откажувањето на концертот на Карлеуша во Хрватска: „Успеавме“

Сцена | пред 15 часа

media-librarypmjrs4u3v2iobn1qspr

„Furious“ е новата криминалистичка серија за која сите зборуваат: Приказна за одмазда, траума и гнев

Филм | пред 16 часа

media-libraryvdiqm2dljg743m7GZ2v

(Видео) Карлеуша по откажувањето на концертот: „На хрватски пејач во Србија тоа никогаш нема да му се случи“

Сцена | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања