Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Маклмор тргнува на „Free Palestine Tour“ по отстранувањето од турнејата на Ед Ширан

media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM
screenshot youtube

Американскиот рапер Маклмор најави европска турнеја под наслов „Free Palestine Tour“, со која, како што соопшти, сака да ја стави Палестина во фокус и да обезбеди хуманитарна помош за палестинскиот народ.

Турнејата ќе се одржи следниот месец, со концерти во Даблин на 26 октомври, Париз на 29 октомври и Лондон на 30 октомври. Засега нема потврдени датуми за настапи во САД.

Маклмор, кој неодамна беше отстранет од американската турнеја на Ед Ширан поради неговите јавни пропалестински ставови, најави дека на сцената ќе му се придружат и други уметници кои, според него, јавно изразиле солидарност со Палестинците.

„Во 2026 година да се биде аполитичен за време на геноцид повеќе не функционира“, изјави Маклмор, додавајќи дека од уметниците се очекува да се информираат, да бидат присутни во заедницата и сцената да ја користат и за прашања што ги сметаат за важни.

Според организаторите, сите приходи од концертите ќе бидат наменети за организации кои обезбедуваат хуманитарна помош и поддршка за Палестинците.

Маклмор претходно соопшти и дека ќе го донира целиот хонорар од еден милион долари што го заработил за настапите на турнејата на Ширан на организации кои ја поддржуваат Палестина.

Неговиот настап на турнејата бил откажан откако милијардерот Роберт Крафт, сопственик на стадионот „Gillette“, одлучил да не му дозволи настап на местото поради неговите јавни ставови за Палестина. Крафт изјави дека стадионот нема да обезбедува платформа за говор на омраза.

По отстранувањето на Маклмор, Ширан објасни дека самиот избегнува јавно да зборува за политички прашања, наведувајќи дека неговата публика вклучува и млади луѓе и деца и дека посетителите на неговите концерти не очекуваат политички форум.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Покрената петиција за откажување на настапот на Јаков Јозиновиќ во Сплит по концертите во Ниш и Нови Сад

пред 5 часа
darko-dimitrov ВИДЕО

(Видео) „Од осмо одделение имав фирма за компјутери“ – Дарко Димитров за почетоците пред музиката

пред 5 часа
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 6 часа
media-libraryfvf9jl4dvblq8IFGGWJ ВИДЕО

(Фото) „Филмската индустрија кај нас е издишана“ – Тони Михајловски за состојбата со домашната продукција

пред 9 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања