Младенчето јапонски макак Панч, кое ги освои симпатиите на милиони луѓе ширум светот со снимките на кои прегрнува плишана играчка, утре ќе го прослави својот прв роденден. По тој повод, зоолошката градина во јапонскиот град Ичикава доби илјадници честитки од различни земји.Панч стана интернет-сензација откако неговата мајка го отфрли, а тој утеха пронајде во плишан орангутан, кој му служеше како замена за мајчината близина.Од февруари, зоолошката градина редовно објавува видеа на кои се гледа ка
