#ЏЕТ-СЕТ

Манекенка го уби сопругот затоа што љубовницата ја довел дома, а од неа побарал да направи ручек

Објавено на

Рускиот топ модел Лилија Судакова (26) со нож го убила сопругот Сергеј Попов (28) кој во нивниот дом ја довел љубовницата и побарал таа да им зготви вечера. Манекенката е уапсена и ќе ѝ се суди за убиство за кое може да добие до 15 години затвор. Нејзината мајка и неколку пријатели, тврдат дека Лилија била жртва на семејно насилство и дека го убила во самоодбрана насилниот маж.

Руските медиуми пишуваат дека мажот на манекенката таа вечер пијан дошол дома со жена со којашто се гледал, а Лилија во бес го убила со нож и веднаш повикала полиција.

Мајката на Лилија, Ирена Судакова (48) вели дека ќерка ѝ го убила во самоодбрана и дека со години била жртва на семејно насилство кое завршило со ваква нејзина реакција.

„Тоа беше нездрава љубов. Мојот зет беше алкохоличар и насилник. Иако важеше за компјутерски гениј и уживаше во таа слава, не беше добар човек. Повеќе пати сум била сведок на неговата агресивност“, рекла мајката на Судакова.

Ако не се прифати дека убиството го сторила во самоодбрана и ѝ се одреди казна за убиство, би можела да добие казна затвор до 15 години.

Лилија е позната по својата природно црвена коса и често се сликала за насловната страница на Вог Русија.

Трендинг

Exit mobile version