#ЏЕТ-СЕТ

Манекенка на „Плејбој“ ја исфрлија од авион поради големите гради

Објавено на

Манекенката на „Плејбој“, кој беше исфрлена од авионот на „Саутвест ерлајнс“ со нејзиниот седумгодишен син, сега бара официјално извинување од авиокомпанијата „Саутвест ерлајнс“, чиј персонал го обвинува за дискриминација со тоа што инсистира на тоа дека била „понижена“ поради големината на нејзините гради.

Имено, Ева Џеј Мари се качила на летот од Далас, Тексас до Тулса, Оклахома, на 29 октомври, кога стјуардесите побарале од неа и нејзиниот син да го напуштат авионот.

Според sвездата на Инстаграм, вработените ѝ рекле дека нејзиниот деколтиран комбинезон со леопардов дезен ги крши правилата на кодексот за облекување на авиокомпанијата, која забранува „развратна“ облека, пренесува „Дејли мејл“.

Но, во никој случај не ѝ е јасно што е тоа што било несоодветно облечено на неа, бидејќи, смета таа, секогаш изгледа секси.

Ева, која вели дека троши 90.000 долари годишно патувајќи со „Саутвест ерлајнс“, тврди дека стјуардесите не само што ја дискриминирале, туку и човечки ја повредиле, а сè поради тоа што привлекува внимание со нејзините гради.

Таа додала дека стјуардесите не можат да се договорат за тоа што подразбира правила на облекување и бара авиокомпанијата јавно да ѝ се извини.

На мајката и синот на крајот им било дозволено да се вратат во авионот, но само откако го облекла џемперот на стјуардесата за да се „покрие“. На Ева ѝ било кажано дека мора да седи во првиот ред за другите патници да не можат да ја видат нејзината облека.

Трендинг

Exit mobile version