Медиасет.мк

#ТРЕНД

Манекенка прогласена за мртва, пријателите тврдат дека е жива

Патнички авион на Пакистан Интернешнл ерлајнс со 91 патници се урна во Карачи за време на летот од Лахоре, а меѓу патниците била и манекенката Зара Абид.

The Express Tribune пишува дека меѓу патниците наводно била и манекенката Зара Абид, а дека во несреќата имало само тројца преживеани.

„На списокот на преживеани се наоѓаат три лица. Директорот на банката „Пунјаб“, уште еден маж по име Зубаир кој се наоѓа во цивилна болница во Карачи, а третиот преживеан е жена по име Тахира, која во моментов е хоспитализирана во CMH“, изјавила портпаролката на министерството Мирен Јоусуф за The Express Tribunе.

И додека многумина се опростуваат од манекенката на социјалните мрежи, сепак нејзиниот близок пријател Икрам Гохар вели дека таа е преживеана, пренесува Aaj News.

„Зара е жива. Таа е со нас. Ве молам, молете се за неа“, напишал тој на социјалните мрежи.

Гохар објавил информации различни од оние на владата. Според пакистанските медиуми, Зара се враќала од погребот на нејзиниот чичко.

Нејзиното семејство сè уште не објавило ништо.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: