Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Мареј најави враќање: Со еден колк и без лигаменти

Медиасет.мк
пред 2 години

Британскиот тенисер Енди Мареј (36) најави враќање и покрај новата повреда со која се здоби на мечот од третото коло на турнирот во Мајами против Томаш Машах.

Чешкиот тенисер напредуваше по речиси три и пол часа игра (5:7, 7:5, 7:6), а многу му помогна повредата на Мари на крајот од мечот.

Енди успеа да ја надополни негативата од 5:2 во третиот сет, да израмни, но потоа се повреди. И покрај тоа, тој успеа да го одведе мечот во тај-брејк, но не и да слави.

По мечот, Енди изјави дека ова е последен меч што го играл во Мајами, што му била честа база во изминатите години.

Набрзо се огласи преку социјалните мрежи, каде можеби сугерираше дека изјавата по натпреварот била прерана.

„Кон крајот на вчерашниот натпревар во Мајами, доживеав целосно кинење на лигаментите на АТФЛ, како и речиси целосно кинење на лигаментите на КФЛ. Ќе се видам со специјалист за зглобови кога ќе дојдам дома за да преземам дополнителни чекори. Непотребно е да се каже колку ми е тешко ова, прифаќам, бидејќи ќе отсуствувам долго време. Но ќе се вратам, со еден колк и без лигаменти во зглобот, кога ќе биде вистинското време“, напиша Мареј.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 5 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања