Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Мбапе го престигна Меси и стана нов рекордер на Светските првенства

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library4d9mnchrbhsg39KmeKU

Килијан Мбапе продолжува да ги поместува границите на најголемата фудбалска сцена. Иако Франција го заврши Светското првенство со пораз од Англија во натпреварот за третото место (6:4), напаѓачот на Реал Мадрид имаше голема причина за задоволство – влезе во историјата на мундијалите.

Со двата гола против Англија, Мбапе стигна до бројката од 22 погодоци на светските првенства и го надмина Лионел Меси, кој во кариерата на мундијалските натпревари постигна 21 гол.

Французинот до овој неверојатен учинок стигна на само 27 години. На Светското првенство во Русија во 2018 година постигна четири гола, во Катар во 2022 година беше уште поефикасен со осум погодоци, а на актуелниот турнир постигна дури 10 гола.

Со тоа, Мбапе стана првиот фудбалер по легендарниот Герд Милер во 1970 година кој успеал да постигне најмалку 10 гола на едно Светско првенство.

Франција против Англија имаше тежок натпревар, бидејќи на полувремето губеше со 4:0. Сепак, Мбапе го предводеше неверојатниот обид за камбек на „триколорите“. Со два гола ја врати надежта на својот тим, кој успеа да намали на 5:4, но не стигна до целосен пресврт.

Англија преку Џуд Белингам во завршницата го реши прашањето за победникот и го освои бронзениот медал, додека Мбапе и покрај поразот уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите фудбалери на својата генерација.

Останува да се види дали ќе остане на врвот на вечната листа, бидејќи Меси има можност повторно да го престигне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylt1a799aolv585K55iG

Туристи со часови чекаат за истата фотографија од Грција: „Дали сите колективно полудевме?“

Трендови | пред 2 дена

media-librarybtuef7igtq1d8srG9DO

Маникирот на Ен Хатавеј стана хит: „coconut-latte“ ноктите се новиот летен тренд

Трендови | пред 6 дена

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 1 седмица

media-libraryl4c9nvfg045jaLOM8V4

(Видео) Емотивен гест во Мајами: Де Пол го посвети голот на Меси

Сцена | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања