По повод одбележувањето на 8. Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Константин Георгиески, упати честитка до ромската етничка заедница.
– Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам со заеднички напори да продолжиме за да го унапредуваме социо-економскиот статус и квалитетот на животот на Ромите во сите сегменти на општественото живеење.
Вие сте почитуван дел од заедничкото мултикултурно општество и придонесувате во напорите за подобра иднина на сите граѓани. Уверен сум дека со негување на традицијата и културата, обичаите и јазикот, ќе ја зачувате убавината на своето богато наследство кое ќе им го оставите на идните генерации. Сте ја имале и во иднина ќе ја имате нашата поддршка за да ги остварувате своите цели и да придонесувате во развојот на Охрид и Република Северна Македонија– се вели во честитката на градоначалникот Константин Георгиески до ромската етничка заедница.