#ЖИВОТ

Медицинска сестра за лекувањето на пациенти со корона: Најлошо е кога на некој од починатите им ѕвони телефонот и некој моли да го слушне барем уште една својот близок

Објавено на

Откако изби пандемијата од коронавирусот, на социјалните мрежи секојдневно се споделуваат потресни сведоштва на медицински работници. Медицинската сестра Александра Масијас (24) од Тексас во објава на Фејсбук ги опишува тешкотиите со кои се соочува на своето работно место, а открива и што особено ја погодува.

Александра која никогаш претходно не работела како медицинска сестра на интензивна нега, вели дека многу е болно да се види луѓе кои биле потполно здрави, а сега се на раб на смрт, пренесува „Дејли меил“.

Таа вели дека намногу ја погодува ѕвонењето на мобилните телефони на веќе починатите пациенти чии блиски се уште не дознале за нивната смрт и сакаат уште еднаш да ги слушнат.

– Никогаш не сум видела вакво нешто, никогаш не морав да се грижам за некој кој е здрав, а во исто време и смртно болен. Јас инаку не работам на интензивна нега, но сега морам бидејќи немаме доволно луѓе со искуство и опрема. Веќе два дена говорам дека сакам да си одам дома, но моите колеги секој пат ми велат дека ќе се каам доколку престанам да помагам. Затоа и останувам, напиша Александра.

 

Медицинската сестра открива дека ова и е 11 ден откако се грижи за пациентите на интензивна нега и опишува колку тешко и паѓа работата со смртно болни пациенти.

– Се грижам за нив до моментот на нивната смрт. До сега се уште никој не го напуштил нашето одделение излечен. Сите си заминуваат во мртовечки вреќи. Се борам да сфатам каков е мојот придонес овде. Секојдневно ни доаѓаат луѓе со тешки респираторни проблеми, кои се престрашени. Им објаснувам што прави Ковид – 19 во телото и кои се ризиците од интубација. Ги нивните работи се уште се тука. Мобилните ѕвонат. Најлошо е кога на некој од веќе починатите ѕвони телефонот и знам дека некој им ѕвони молејќи да го слушне барем уште еднаш, додава Александра.

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version