Од денеска до 12 мај се одбележува Неделата на сестринството, а денеска медицинските сестри на Инфективната клиника во Скопје, кои се во првите редови во борбата против коронавирусот, добија громогласен аплауз од своите колеги доктори и од новинарите. Годинава ќе изостанат средбите и свеченостите, а свечена онлајн-академија по повод Неделата на сестринството ќе се одржи на 12 мај.
