Гоце Марков e едно од медицинските лица кои пристигнаа на помош во Инфективната клиника во Скопје од внатрешноста на државата. Тој преку статус на Фејсбук апелираше да се почитуваат мерките бидејќи не станува збор за обичен грип, туку како што вели „луѓето на Инфективна плачат за пет шест капки повеќе кислород“.
„За браќата и сестрите мои скептици!! Не е грипче луѓе! Колку и да се пишува малку е… како да му објасниш некому колку брзо се умира?
Нема зборови! А јас мислев дека Бог ми подарил неговите чувства за да ги точам како вино низ моите усни?! Ден нулта-збунети ама без страв и напнатост чекам заедно со колегите запознавање со работата. Почнуваме!!
Ако овде е епицентарот на оваа напаст од болештина само тука е школата и само тука е борбата. А борбата за среќа или несреќа мене никогаш не ме одминала… Карма! Инфективна клиника звучи страшно ама не е до толку!
Работа е како и секоја друга. Само тука сме робови на протоколите и на ситните детали кои живот значат… Го гледам персоналот, исцрпен и на батерии, прегорен и согорен од убиствената рутина…
Во животот, за моите години имам видено многу работи кои во друга професија се потребни векови… но ова е тука кај нас во Македонија и не е верно ама тоа е….
Што се случува тука? Тука Животот и Смртта се другари!? Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух! Умирањето тука не е процес! Тука сите работат… Секој се дава максимално и малце повеќе од тоа.
Има терапија на тони, протоколи кои мора да се почитуваат и еден куп мали работи кои се еквивалент на Живот секоја посебно.
А јас мислев дека сум железно професионален оклоп…не било така!! Колку и да си имун нема шанси тука да не станеш Човек.
Тешко е…многу е тешко…но не поради работата безкрај туку поради чувство да дадеш еден атом плус од тебе за да преживее другиот!
И секогаш кога си одиш по патот одалечувајќи се од Инфективната клиника се прашуваш дали си дал доволно од себе?!
По мене тука смените не е важно колку саати се туку колку се има завршено… А секогаш е малку! Затоа има луѓе кои бираат Дупки и луѓе кои го бираат Небото!!
А небото не е граница за храбрите да знаете! Тоа е само еден обичен почеток!
П.С. Се поклонувам пред сите колеги кои несебично се даваат во оваа невообичаена појава од болест! Се молам за душите на оние кои ја изгубиле битката, А апелирам на совесност и на човечност во почитувањето на мерките! Не поради друг!! Поради Вашите родители, поради Вашите деца, поради Вашите Фамилии…“, стои во објавата на Фејсбук.