Медиасет.мк

#ТРЕНД

Меган Маркл критикувана поради тоа што гласала

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл стана првиот член на британското кралско семејство што гласала на избори – на претседателските во САД, оваа 2020 година. Поради тоа, таа беше критикувана, бидејќи тоа не е својствено за членовите на кралското семејство.

Вековната традиција вели оти членовите на британската монархија мора да останат политички неутрални и доброволно да се воздржат од гласање, според британски „Сан“

Од друга страна пак, коментар од неименуван извор, гласи: Меган беше Американка многу пред да се омажи за принц. Не би го пропуштила гласањето, без оглед каде живее.

Засега не е познато за кого гласала Маркл, но познато е дека таа „не е обожавателка“ на сегашниот претседател Доналд Трамп. И самиот Трамп еднаш изјави дека тој не е нејзин обожавател.

– Не сум нејзин обожавател, за што веројатно таа и слушнала, но би сакал да му посакам многу среќа на Хари, бидејќи тоа ќе му треба, рече Трамп.

Трендинг

На почеток
error: