Медиасет.мк

#ТРЕНД

Меган Маркл пишува дневник кој може да стане бестселер

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, пишувала дневник за својот живот во британскиот кралски дворец, а истиот би можело да стане бестселер.

Маркл, наводно, таму го опишува своето патешествие од американска глумица до членка на британското кралско семејство. Кралскиот биограф Ендрју Мортон, кој напиша книга за принцезата Дијана, но и за Меган, рече дека таква книга би дала една далеку појасна слика, пренесува британски „Сан“.

Мортон смета дека Маркл пишува убаво и користи убави изрази, за што најверојатно придонело и тоа што студирала англиски јазик во првата година на американскиот Северозападен колеџ.

Пријател на Меган Маркл, вели дека таа очајно сака да ја отстрани од себеси сликата на тешка личност – дива која се стреми кон слава и моќ и „гази“ преку вработените и другите потчинети.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: