Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Меклмор одржа концерт пред 20.000 луѓе во Париз во рамките на турнејата „Слободна Палестина“

Медиасет.мк
пред 52 минути
media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM
screenshot youtube

Околу 20.000 луѓе присуствуваа на концертот на американскиот рапер Меклмор во распродадената „Акор арена“ во Париз, во рамките на неговата турнеја „Слободна Палестина“. Приходите од настапите се наменети за 12 организации што обезбедуваат хуманитарна помош и ги поддржуваат правата на Палестинците.

Ова беше вториот од вкупно три концерти во рамките на турнејата, а покрај Меклмор настапија и Пом, Аурора, „Португал. Д Мен“ и други уметници, објави „БФМ ТВ“.

Меѓу гостите беа палестинскиот рапер Тамер Нафар, пејачката Зејна, актерката Карис ван Хутен и специјалната известувачка на ОН за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе.

Меклмор ја започна турнејата откако во септември беше отстранет од турнејата на Ед Ширан во САД. Тоа се случи по неговиот настап во Њу Џерси, кога извика „Слободна Палестина“ и им порача на Палестинците дека не се заборавени.

На концертот во Париз ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои и песната „Hinds Hall“, чии приходи беа донирани на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA).

Раперот рече дека со турнејата сака да повика на ослободување на Палестина и да испрати порака за љубов, слобода и единство. Тој нагласи дека сите луѓе заслужуваат да живеат безбедно, да бидат сакани и почитувани, да имаат свој дом и земја. Додаде дека неговата порака се однесува и на луѓето во Либан, Конго, Судан, Куба, Хаити и САД.

За време на говорот на Меклмор, дел од публиката скандираше „Макрон, поднеси оставка“. Раперот ја изведе и својата нова песна „Where’s Our Love“, посветена на недостигот од човечност во светот погоден од насилство.

Турнејата „Слободна Палестина“ ќе заврши со концерт во Лондон, по претходните настапи во Даблин и Париз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypen7q7abs0951X7nv68

Над 30.000 долари за изгледот на холивудска ѕвезда: Што забележале хирурзите кај Џенифер Лоренс?

Сцена | пред 1 час

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 1 ден

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања