Медиасет
Мерил Стрип: Денешните филмови се здодевни поради влијанието на Марвел
Мерил Стрип отворено проговори за состојбата во филмската индустрија, заклучувајќи дека филмовите на Marvel Studios имале огромно влијание врз начинот на снимање на поновите филмови, поради што приказните станале „толку здодевни“. Своето мислење го сподели за време на промоцијата на новиот филм „ Ѓаволот носи Прада 2“, за кој тврди дека нуди посложени ликови, пишува People.Гостувајќи во емисијата Hits Radio Breakfast Show, трикратната добитничка на Оскар го објасни својот став.„Ми се чини дека денес се наклонуваме кон ‘марвелизација’ на филмовите. Имаме негативци и херои, и тоа е толку здодевно“, изјави 76-годишната актерка.„Она што во животот навистина е интересно е тоа што и хероите имаат мани, а некои од негативците се човечки суштества, интересни се и имаат свои силни страни“, додаде таа. „Затоа ми се допаѓа овој филм. Посложен е.“Стрип истакна дека гледачите во продолжението ќе добијат „реалистичен приказ“ на еволуцијата на нејзиниот лик, Миранда Пристли. Новиот филм ја следи Миранда, сè уште култна главна уредничка на списанието Runway, која повторно се здружува со Енди Сакс (Ен Хатавеј), сега уредничка на рубрика во истото списание.Двете мора да соработуваат за да ја придобијат за рекламирање поранешната асистентка на Миранда, Емили Чарлтон (Емили Блант), која во меѓувреме станала шефица на Диор во САД.Во неодамнешно интервју за People, Стрип се осврна на враќањето во улогата по толку години, опишувајќи го искуството како „прилично лесно“.„Мислам дека тие ликови ги задржувате во себе“, објасни таа. „Уживав во повторното откривање на Миранда.“