Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Меси испиша историја: Прв фудбалер со голови на седум последователни натпревари на Мундијалите

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarypmrljq3sbu8aaujakIA

Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата, откако стана првиот фудбалер што постигнал гол на седум последователни натпревари на Светските првенства.

До историското достигнување стигна на натпреварот од последното коло во групната фаза против Јордан, кога во 80. минута со мајсторски изведен слободен удар го постигна единствениот гол за победа од 1:0.

Претходно, токму врз Меси беше направен прекршок на работ од шеснаесетникот, по што тој прецизно шутираше по земја низ живиот ѕид и ја погоди долната лева страна од голот.

Со овој погодок аргентинскиот ас стигна до својот 19. гол на Светските првенства, дополнително подобрувајќи го сопствениот рекорд по бројот на постигнати голови на мундијалите.

Воедно, ова беше негов 72. гол од слободен удар во професионалната кариера, односно 12. во дресот на аргентинската репрезентација.

Меси сега има 123 голови на 202 настапи за националниот тим и се наоѓа на второто место на вечната листа на репрезентативни стрелци. Пред него е само Кристијано Роналдо со 145 погодоци.

Пред да стане единствен рекордер, Меси го делеше достигнувањето со легендарниот Французин Жист Фонтен и Бразилецот Жаирзињо, кои своевремено постигнуваа голови на шест последователни натпревари на Светските првенства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 3 дена

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 4 дена

media-library5cdruugr43ib6PQStpG

Киселкаста, но хранлива: Откријте ги придобивките од аронијата

Трендови | пред 4 дена

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања