Медиасет

Microsoft потврди нов баг: Некои Windows компјутери не можат да се исклучат или да одат во режим на спиење

Објавено на

Јануари 2026 година се покажа како исклучително проблематичен месец за оперативниот систем на Microsoft.По низа пријавени грешки, компанијата потврди постоење на нов баг кој спречува корисниците да ги исклучат своите компјутери нормално или да ги стават во режим на спиење (hibernation).Иако Microsoft првобитно се обиде да го реши проблемот со вонредно ажурирање, најновите податоци покажуваат дека обемот на проблемот е поголем отколку што се мислеше. Според ажурираната документација на официјалниот портал Windows Health Dashboard, проблемот го погодува поширок спектар на уреди.Проблемот се манифестира на системи кои имаат овозможени функции Secure Launch и Virtual Secure Mode (VSM). VSM е технологија заснована на виртуелизација која ги чува чувствителните податоци во заштитен дел од меморијата за поголема безбедност.Верзии на оперативни системи погодени од багот се:Windows 11, верзија 23H2Windows 10, верзија 22H2Windows 10 Enterprise LTSC 2021 и 2019Добрата вест за просечните домашни корисници е дека овој баг главно го погодува специфичните бизнис и безбедносни конфигурации, па повеќето стандарни корисници нема да почувствуваат проблеми.За системите со активирана функција Secure Launch веќе е достапна исправка, но корисниците чиј уред користи Virtual Secure Mode сè уште чекаат. Microsoft официјално потврди дека работи на трајно решение:„Компјутерите со функција Secure Launch и овозможен Virtual Secure Mode исто така се погодени. Планираме овој проблем да го решиме во некое од наредните ажурирања на Windows“, стои во соопштението на компанијата од 30 јануари 2026 година.Овој инцидент се случува во момент кога Microsoft се соочува со остри критики поради квалитетот на ажурирањата и воведувањето AI функции кои многумина ги сметаат за непотребни. Паван Давулури, шеф на одделот Windows, неодамна изјави дека компанијата во 2026 година ќе се фокусира на стабилност и перформанси на системот за да ja врати довербата на корисниците и да ги реши клучните проблеми кои им го отежнуваат работењето.

Трендинг

Exit mobile version