Медиасет.мк

#ТРЕНД

Мила Јовович се пофали со нејзините предци: Дедо ми е борел во редовите на југословенските партизани

Познатата холивуска актерка Мила Јовович на Инстаграм објави фотографии од своите предци кои учествувале во Втората светска војна.

„Мојата баба Татјана Попови станала медицинска сестра на фронтот кога имала само 16 години. До свои 18 години марширала храбро низ стравот се до Берлин. Тоа се нејзини медали и документи. Нејзиниот сопруг, мојот дедо, Александар Логинов исто така се борел во Втората светска војна“, напиша Мила, а потоа додаде…

„Мојот дедо од татко Богдан Јовович се борел во редовите на југословенските партизани. Би можело да се каже дека потекнувам од семејство на борци, војници и револуционери, и јас сум горда на моето наследство и неверојатните луѓе од кои потекнувам“, се пофали актерката.

„Кога работите одат тешко, мислам за тоа низ што мина баба ми кога беше уште дете и ништо повеќе не изгледа толку напорно. Денес ни требаат повеќе вакви луѓе“, заврши Мила

https://www.instagram.com/p/B_9XPd_nwqM/?utm_source=ig_embed

Вистинското име на актерката е Милица, нејзиниот татко по потекло е од Црна Гора, а неговата фамилија живеела и на Косово и Метохија. Мила раното детство го поминала во Москва, родниот град на својата мајка, а пред преселувањето во САД, живеела и во Велика Британија.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: