Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Милошоски: Време е Ковачевски да покаже демократски капацитет и пред пратениците да образложи за што се разговара со Бугарија

Медиасет.мк
пред 4 години
antonijo30082021

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека иако пратени на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата напишаа писмо до премиерот, Димитар Ковачевски за да се обрати во македонското Собрание и пред пратениците да ги сподели нацрт документите кои што се договараат на релација Скопје-Софија, тој се уште нема одговорено, ниту писмено ниту усно.

Тој од штипско Ново Село, одговарајќи на новинарски прашања, истакна дека тоа што премиерот не се појавува пред пратениците да образложи што се преговара со Бугарија, ни е знак дека тој нешто сака да сокрие и од пратениците, веројатно и од јавноста.

Милошоски го повика премиерот Ковачевски дека ако не е спремен да учествува на јавна седница во собранието на која би дебатирале на овие теми, тогаш може да организира затворена седница во рамките на Комисијата за надворешна политика.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дваесет на број и од коалицијата пишавме едно писмо, барање до премиерот Ковачевски да се обрати пред Собранието, пред Комисијата за надворешна политика и да ги сподели со нас нацрт документите кои што се преговараат на релација Скопје-Софија. Засега немаме ниту писмен одговор, ниту пак согласност од премиерот дека ќе се појави пред Собранието. Тоа ни е еден знак, дека веројатно тој сака нешто да сокрие, да сокрие од пратениците, веројатно да сокрие и од јавноста. Но, не е во духот ниту на демократијата, ниту на отчетноста кога владата и премиерот се кријат од Собранието и не сакаат да разговараат за најбитните теми, а оваа тема е поврзано со односите Македонија-Бугарија и поврзана е со самата Европска унија. Затоа, цениме дека време е Ковачевски да го покаже својот демократски капацитет, да не се плаши, да дојде пред пратениците, да покаже што има да се разговара со Бугарија и доколку не е спремен за јавна седница, може да организираме и затворена седница на која што би ги дебатирале овие теми“, рече Милошоски.

Запрашан, дали има нешто што во меѓувреме циркулира, но не се кажува во јавност, Милошоски истакна дека според партиските информации, добиени од дипломатски извори, има подготвен нон пејпер кој што циркулира на релација Министерство за надворешни работи на Македонија и МНР на Бугарија , но дека истиот се држи во тајност.

„Според нашите информации што ги имаме од дипломатски извори, има еден подготвен нон пејпер кој што циркулира на релација Министерство за надворешни работи на Македонија и МНР на Бугарија. Но, сега за сега, тој се држи во тајност и не се споделува со македонските пратеници. Инаку, како што гледаме во официјална Софија имаат чести координации кај претседателот Радев и нивните политичари се запознати за тоа што се разговара со Македонија. За жал, пратениците во Македонија не се запознати и дознаваме од извори во Бугарија“, посочи Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 1 ден

media-library1ea7c0tmf62v35ATCh6

Најпознатата шпионка во историјата: Мата Хари и нејзиниот трагичен крај

Трендови | пред 2 дена

media-libraryrms82luqhn9m6Gx3yk6

Трагедија во национален парк во Кенија: 16 слонови угинаа од цијанид

Трендови | пред 2 дена

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања