Актерката Ирена Ристиќ на социјалните мрежи сподели фотографија од Александар боледува од церебрална парализа и неговото куче Бен, кои биле нападнати од улични кучиња.
Во продолжение целиот статус:
„Лани, во јули, на десет дена пред премиера, на кеј, мене и Алтан нè нападна глутница улични кучиња, од кои едното, во обидот да го спасам Алтан, ме заџапа мене за нога… И небитно тоа, преживеав и угриз и премиера и све.
Зошто го кажувам ова сега?! Зашто безмалку после цела година, немаш каде да се јавиш и кому да се обратиш, при ваков немил настан…
Денес од улични кучиња беа нападнати Александар и Бен. Александар е во количка, знаете. Бен му е сè. И сега, Бен е повреден. Бесна сум, не можам да ви опишам колку!!!
Ајде, одма да кажете и телефони и луѓе и шо да се прај!!! Што по ѓаволите се случува со Лајка?!?! Каде да се обратиме?!
*постов не служи за препуцавање и надмудрување, туку за конкретни информации, насоки и совети“, стои во објавата.