#ФОКУС
Москва: Ги најдовме и ги казнивме, ликвидирани се
Руското Министерство за одбрана соопшти дека се убиени две групи грузиски платеници кои мачеле и убивале руски затвореници.
Како што се наведува, станува збор за група наречена „Грузиска легија“, која собрала етнички Грузијци, но и други странски платеници кои се обвинети за брутално мачење и на крајот за убиства на руски војници, за што има и видео.
„Руските сили ликвидираа две групи странски платеници, вклучително и членови на „Грузиската легија“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
„На 26 јуни, во борбите на три километри од Лисичанск, руските војници ги уништија сите 14 платенички странски групи. Првата група беше меѓународна и се состоеше од државјани на неколку европски земји. Втората беше составена исклучиво од Грузијци. кои беа дел од „грузискиот Легија“, рече Конашенков денеска на брифинг со новинарите.
„Руското Министерство за одбрана има информации за секој платеник кој е вмешан во злоупотреба и убиство на нашата армија. Ги најдовме и ги казнивме“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Руската армија соопшти дека украинските сили изгубиле контрола во правец на Лисичанск.