Медиасет.мк

#ЖИВОТ

МЗТ Скопје донира 100.000 денари за здравствените работници

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ, нема да ја користат понудената државна помош за спортисти и клубови. Клубот, дополнително, донира 100.000 денари како помош за набавка на заштитна опрема за здравствените работници.

„Ја информираме јавноста дека нема да ги користиме субвенциите предвидени според Законската уредба за финансиска поддршка на спортисти, спортски работници и спортска администрација за време на вонредна состојба, со цел тие средства да останат во буџетот и да бидат употребени на подобар начин во борбата против заедничкото зло на сите нас, болеста Ковид-19. Да им помогнеме та тие што се во првиот одбранбен ред, со заштитна опрема како и средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица. Со ова уште еднаш сакаме да покажеме дека сме општествено-одговорен спортски колектив, кој секогаш јавното добро на сите во државата го става пред личниот интерес“, велат од клубот.

МЗТ ги повика и останатите македонски спортски клубови кои стојат добро финансиски, исто така да се откажат од државните средства и со тоа да помогнат во борбата со епидемијата.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: