Медиасет
На 69. место е Дарио Ивановски на Олимписките игри, Тола од Етиопија е нов рекордер
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 69. место на маратонската трка на Олимписките игри во Париз 2024. Во пеколно тешка трка победи Тамират Тола од Етиопија и тоа со олимписки рекорд.
Тамират Тола од Етиопија со нов олимписки рекорд го освои маратонот и се закити со златниот медал. Тој заврши со време 2:06:26, и го подобри олимпискиот рекорд за шест секунди. Второпласиран со сребро беше Башир Абди од Белгија со време од 2:06:46, додека Бенсон Кипруот од Кенија го освои бронзениот медал со време од 2:07.00
Вкупно 80 натпреварувачи го стартуваа маратонот, а времето на нашиот Ивановски е 2 часа, 28 минути и 15 секунди.