Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Сцена

На 91-годишна возраст почина ѕвездата на „Ѕвездени патеки“ Волтер Кениг

Медиасет.мк
пред 42 минути
media-libraryofvdnehml7ih75cYv1X

Американскиот актер Волтер Кениг, најпознат по улогата на Павел Чехов во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, почина на 91-годишна возраст. Тој починал во неделата, од природна смрт, во својот дом во Норт Холивуд, а веста ја потврдил неговиот портпарол. Во последните моменти покрај него биле неговата ќерка Даниел и неговата внука.

Кениг ја започнал актерската кариера во раните 1960-ти со помали телевизиски улоги, но светската слава ја стекнал како рускиот навигатор Павел Чехов во „Ѕвездени патеки“. Се појавил во 36 епизоди од оригиналната серија, а ликот го толкувал и во неколку филмови, меѓу кои „Ѕвездени патеки: Филмот“, „Ѕвездени патеки II: Гневот на Кан“ и „Ѕвездени патеки III: Потрагата по Спок“.

Покрај оваа улога, Кениг настапувал и во сериите „Вавилон 5“ и „Колумбо“, а го позајмувал гласот и за анимирани серии, меѓу кои и „Футурама“. На актерството му останал посветен до крајот на животот, а годинава добил награда на фестивалот „Индипендент шортс авордс“ за улогата во филмот „Господин Флајшман“.

Неговиот приватен живот бил обележан со тешки загуби. Синот Ендру починал во 2010 година, а сопругата Џуди, со која бил во брак речиси 60 години, починала во 2022 година. Зад себе ја оставил ќерката Даниел и бројни обожаватели кои ќе го паметат по улогата на командниот мост на вселенскиот брод „Ентерпрајз“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library62u6r2a4p1j64iaF9ut

Каде треба да го чувате суровото пилешко во фрижидерот за да избегнете бактерии?

Вирално | пред 30 минути

media-librarymghe6v2nc59keLshW73

(Фото) Избрана новогодишната елка за „Рокфелер центар“ во Њујорк

Вирално | пред 1 час

media-library6p6f4rve07m975Vbchp

5 заборавени концепт-автомобили што изгледале како да доаѓаат од иднината

Вирално | пред 3 часа

media-libraryq2bhq3u5kem75n0zC0j

Македонскиот модел Бојана Нушкова позираше во ковчег за новата фотосесија

Сцена | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања