Медиасет.мк

#ТРЕНД

На Твитер „го умреа“ Еминем, а тој жив и здрав

На долгата листа бизарни случувања во 2020 година деновиве се додаде и уште едно – на Твитер и други социјални мрежи, во вторникот почнал да се споделува хаштагот #ripeminem, иако познатиот американски рапер е жив и здрав.

Хаштагот прв го употребил корисник чиј профил оттогаш е суспедиран, кој напишал „Го убив Еминем“. И во средата наутро, хаштагот #ripeminem беше меѓу најпопуларните на социјалната мрежа, а многумина членови на хип хоп заедницата ја споделија својата загриженост од трендот, за кој и натаму нема објаснување.

Дел од луѓето на Твитер коментираат и дека помислиле оти Еминем навистина починал, затоа што ова е 2020 година и може да се очекуваат секакви лоши вести.

Еминем досега се нема огласено по повод случајот, но американските медиуми јавуваат дека со раперот е се во ред.

Трендинг

На почеток
error: