Медиасет
Надал си ја отвори душата, никогаш не бил попесимиситичен
Рафаел Надал, освојувач на 22 грен слем титули, се отвори по повлекувањето од Индијан Велс и се посвети на подготовките за сезоната на земјени терени.
Нетрпеливоста за враќањето на „Кралот на згура“ е на врвот бидејќи од 7-ми април треба да го видиме на земјата на Монте Карло. Меѓутоа, сега сите ја сфаќаат веста со дополнителна претпазливост.
„Првата цел е да се обидеме да се натпреваруваме и да го носиме тоа од ден на ден. Ќе дадам се од себе да се обидам да ја започнам сезоната на земјена подлога, што е мојата цел, работам на тоа и се трудам, но од сега што може да се случи… Не се осмелувам да кажам ништо веќе затоа што во последно време ми е тешко да давам прогнози. За жал, така е“, изјави Надал.
Малку песимистичкиот тон доволно кажува дека „Бикот од Мајорка“ се помирил со реалноста дека ништо не е сигурно.
„Не е важно дали сум оптимист или не, јас сум реален. Поминаа година и пол или две години откако ми беше невозможно да се натпреварувам, така што првата цел е да се обидам да се натпреварувам и да одам од ден на ден“.