Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Најскапото финале во историјата на спортот: билетите за Шпанја – Аргнетина достигнаа и 83.000 евра

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library6j97upjb2cs36rVdZUN
unsplash

Финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Шпанија и Аргентина стана најскапото финале во историјата на мундијалите, откако просечната цена на билетите на пазарот за препродажба достигна околу 9.900 евра.

Официјалните билети за натпреварот што ќе се одигра в недела на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси веќе не се достапни преку официјалната страница на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), но сè уште може да се најдат преку платформи за препродажба.

На една од најголемите американски платформи, најевтиниот билет во петокот чинел околу 7.125 евра, додека најскапите места покрај теренот достигнале цена од 83.639 евра.

Според податоците на платформата „ТикПик“, објавени од магазинот „Форбс“, просечната цена на билет за финалето на Мундијалот 2026 изнесува околу 9.900 евра, што е повеќе од просечните цени за најголемите спортски настани во САД.

За споредба, просечната цена на билет за финале на Супербоул изнесувала околу 8.225 евра, додека билетите за финалето на НБА-лигата во просек чинеле околу 5.513 евра.

Високите цени предизвикаа критики од навивачи и спортски функционери. Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лусон, ја критикуваше ценовната политика на ФИФА, оценувајќи дека таквиот пристап не е прифатлив.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да присуствува на финалето, но дека не би платил толку висока цена за билет.

„Секако дека би сакал да одам, но искрено, не би платил“, изјави Трамп.

ФИФА за првпат примени динамичен систем на формирање цени, сличен на оној што се користи кај големи музички настани, при што цената се зголемува според побарувачката.

За разлика од Мундијалот во Катар во 2022 година, кога најскапата категорија билети за финалето чинеше 1.600 долари, овојпат ФИФА не постави максимална цена и не забрани препродажба.

Покрај билетот, навивачите што сакаат да го следат финалето во Њу Џерси ќе треба да издвојат и дополнителни средства за патување и престој. Авионски билет од Мадрид до Њујорк чини најмалку околу 1.200 евра, додека сместувањето во хотелите е најмалку околу 600 евра за една ноќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library46r8nellpetv7A8rAkI

Делумно затемнување на Месечината во Риби: Четири знаци оставаат нешто старо зад себе

Трендови | пред 2 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Хекланите балетанки се новиот моден хит за крајот на летото

Трендови | пред 4 дена

Pojadok

Огладнувате многу пред ручекот? Проверете дали појадокот ги содржи овие три работи

Трендови | пред 1 седмица

media-librarylt1a799aolv585K55iG

Туристи со часови чекаат за истата фотографија од Грција: „Дали сите колективно полудевме?“

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања