Хуманата страна на нашите граѓани и не е некое чудо, бидејќи се докажала во безброј ситуации и пред коронавирусот. Сите сме се нашле во ситуација кога некому била потребна помош и сме подале рака, па така е и сега.
Просто кажано, сега ќе прочитате и за уште една хумана ситуација, односно, наша сограѓанка која наместо да мрчи „ЗдраФстФото не ни 4ини“, се реши да напраи нешто корисно за своите соседи.
Твитерџиката Крапчица Броз сошила маски и ги оставила на влезот. Таа се срамела да ги изнесе надвор, но потоа, го закачила ќесето на влез, а епилогот бил пораки со благодарност!
Во превод, ајде сите по некое добро дело за своите соседи
Решив да шијам маски за луѓево од зграда ама дека увек се потценувам себеси едвај и со сет срам ги ставив во ќесенце и ги закачив на влезот со мисла дека само ќе се изглупирам и ќесето ќе остане полно дека маските нема да им се свиѓаат.
Surprise,сите беа земени!И ме чекаше ова. pic.twitter.com/2TCZSrFWe8— Крапчица Броз (@dackua) March 29, 2020
