Давид Хинес од Мајами е обвинет за измама оти средствата добиени како помош од државата во рамките на програмата за спас на работните места поради Ковид-19 ги потрошил за да си купи „ламборгини“, пренесува Ен-би-си.
29-годишниот Американец преку апликација во име на разни компании побарал и добил од државата 13,5 милиони долари субвенции за исплата на плати на своите вработени и за спас на работните места. Во пријавите навел дека води четири фирми со 70 вработени и дека месечно за плата му се потребни 4 милиони долари.
Според обвинението, кое е поведено неколку дена откако Хинес ги добил бараните 13,5 милиони долари, тој си купил „ламборгини хуракан“, вреден 318.000 долари. Исто така, тој на вработените не им ги исплатил неделните надоместоци, туку со парите од државната помош уживал во луксузни одморалишта во Мајами, но си купувал и скапа гардероба и накит.
Во моментот на апсење на Хинес му останале уште 3,4 милиони долари од државната помош. Ако биде осуден по сите обвиненија, може да добие казна затвор во траење од 70 години.