#ЏЕТ-СЕТ

Направете вкусен крцкав домашен чипс

Објавено на

Ретко кој може да одолее на ова крцкаво задоволство. Сега можете направите домашен чипс кој ќе биде повкусен и поздрав од купечкиот.

Состојки:

500 гр компири
5 лажици масло за јадење

за солилото со оцет:
1 лажица оцет
2 лажички сол

Подготовка:

Компирите излупете и исечете ги многу тенко. Ставете ги во голем сад и прелијте ги со ладна вода. Оставете ги да отстојат 1 час.

Рерната загрејте ја 230 целзиусови степени. Исцедете ја водата од компирите и со кујнска крпа убаво избришете ги за да не бидат ни малку влажни.

Земете едно тавче и обложете го со хартија за печење. Наредете ги компирите во еден слој, никако да бидат преклопени. Попрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во загреаната рерна, околу 15 минити, додека да бидат поруменети и крцкави.

Измешајте една лажичка оцет со две лажички сол и мешајте додека да се растопи солта.

Кога ќе биде чипсот печен, прелијте ги со солилото.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version