Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари. Се работи за реконструкција на улицата "Гоце Делчев" каде што Општина Охрид ќе ги инвестира средствата обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија во рамки на Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додаде:

Според првичните планови, овие средства требаше да бидат наменети за реализација на дел од проектот за реконструкција на кеј "Македонија", но бидејќи за овој проект се уште нема одобрение од страна на УНЕСКО, Општина Охрид одлучи средствата да ги пренамени за реализација на проект во делот на сообрќајната инфраструктура за кој имаше обезбедено комплетна техничка документација и одобрение за градба.

Инвестициите во инфраструктурата се нашиот приоритет и продолжуваме да работиме посветено за обезбедување на подобри услови за сите граѓани.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Трендови

Сите →
media-libraryh205c0hfl2fs8CaqvRw

Сивата и бордо бојата се најпосакуваниот моден спој оваа есен

пред 2 седмици
media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

пред 3 седмици
media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

пред 1 месец
media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

пред 1 месец
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања