Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Наводната љубовница на принцот Вилијам проговори за озборувањата за аферата

Роуз Ханбери го прекина молкот поради гласините дека таа и принцот Вилијам се во тајна врска. Мајката на три деца (40), испратила порака преку адвокат бидејќи обожавателите на кралското семејство се загрижени за здравјето на Кејт Мидлтон.

Ханбери преку своите адвокати изјави за Business Insider дека гласините дека таа има афера со Вилијам се „целосно лажни“. Гласините за аферата се шират од 2019 година, но тие го достигнаа својот врв кога кралската палата објави дека Кејт (42) ќе отсуствува поради операција на абдоменот во јануари, пренесува Јутарњи лист.

Месеците на отсуство на Кејт Мидлтон од јавниот живот доведоа до бројни шпекулации за нејзиниот брак со принцот Вилијам (41) со кој има три деца.

Стивен Колберт учествуваше во дебатата на The Late Show минатата недела.

„Палатата е потресена од исчезнувањето на Кејт Мидлтон. Сега, детективите шпекулираат дека отсуството на Кејт може да биде поврзано со аферата на нејзиниот сопруг и идниот крал на Англија, Вилијам“, започна тој.

Портпаролот на Кејт изјави за Page Six дека принцезата сè уште закрепнува од „планираната операција на абдоменот“ и дека нема да се врати на своите обврски пред Велигден. Само една недела претходно, принцезата објави изменета фотографија на која е со нејзините три деца во чест на Денот на мајката. Освен разните фотошоп грешки, Кејт на фотографијата не го носеше својот дијамантски веренички прстен.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
lila-naslovna-2

Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз

пред 6 часа
media-libraryhbsnr9d9n3q08MPasHf

„Дознав нешто страшно и ставив крај“ – Зоран Бирташевиќ откри зошто го прекинал пријателството со Јелена Карлеуша

пред 8 часа
media-library12f9odd1fthe74ZN88w ВИДЕО

(Видео) Ги слушале тинејџери, а со „Ѓурѓо“ стигнале до повозрасна публика – Стефан за пресвртот на „Некст тајм“

пред 8 часа
media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс ги призна своите грешки и жали за јавните обвинувања кон семејството

пред 10 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања