Медиасет.мк logo
Промени тема
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21
Трендови

Нелегална трговија со тестостерон расте во Грција: ги таргетира мажите над 50 години

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library59lego4jii99aZJM8U3
фото: unsplash

Нелегалната трговија со тестостерон во Грција сè повеќе ги привлекува мажите над 50 години, кои преку интернет реклами и влијанието на јавни личности се убедуваат дека природните промени поврзани со возраста се здравствен проблем што треба да се лекува.

Професорот по ендокринологија на Универзитетот во Патра, Неоклис Георгопулос, предупредува дека тестостеронот треба да се користи само кај мажи со докажано ниско ниво на хормонот. Според него, неконтролираното земање може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања и трајно да го наруши природното производство на хормони во организмот.

Иако терапијата со рецепт често е достапна по ниска цена, дел од мажите избегнуваат лекарски прегледи и официјална терапија за употребата да не биде заведена во медицинските записи, што дополнително ја поттикнува побарувачката на црниот пазар.

Минатиот месец грчката полиција извршила претреси во една аптека и две компании во Халандри, при што биле запленети производи со тестостерон означени како „крема за лице“ и „витамин Д“. Според истрагата, дел од производите биле извезувани во странство, меѓу кои и во Шпанија и Финска.

Во судските документи се наведува дека околу 15.000 пакувања биле испратени до клиенти и клиники во странство. Осомничените ги негираат обвиненијата и по распитот биле пуштени да се бранат од слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 4 дена

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 1 седмица

media-library0qdukd9sdvn9f8K17AL

Тинејџер се загубил на планина откако ги следел упатствата на вештачката интелигенција

Технологија | пред 1 седмица

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања