Медиасет.мк

#ФОКУС

Нема летање со Wizz Air

Wizz Air најави дека ќе ја продолжи суспензијата на сите летови до земјава до 14 јуни.

Суспензијата, како што наведуваат во соопштението, е резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови што ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака, информира компанијата и додава дека 120 проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката кои ќе може да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Wizz Air, стои во соопштението, искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добросостојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: