#ЖИВОТ

Немавме пари, таа легнуваше гладна за јас да јадам, потресна исповед на Роналдо

Објавено на

Еден од најдобрите фудбалери Кристијано Роналдо ги живее најтешките моменти во неговиот живот, откако неговата мајка Долорес Авеиро во вторникот доживеа мозочен удар. Тој секој ден ѝ доаѓа во посета во болницата на островот Мадеири во Португалија каде во моментов Долорес ја добива потребната нега.

Преку социјалните мрежи, Роналдо им се заблагодари на сите кои му дадоа поддршка и упатија желби за нејзино побрзо оздравување.

„Фала ви на пораките и поддршката. Мајка ми е во стабилна состојба и се опоравува. Моето семејство и јас сакаме да им се заблагодариме на целиот медицински персонал и ве молиме за малку приватност“, напишал Роналдо на „Твитер“.

Тој за неговата мајка вели дека е најважната жена во неговиот живот. Заедно се консултираат околу сите важни одлуки во неговата кариера. Наводно таа влијаела и во изборот на неговите девојки со кои фудбалерот се забавувал. Не е тајна дека Долорес ја обожава партнерката на Роналдо Георгина Родригез.

Роналдо вели дека со неговата мајка живееле во тешка сиромаштија. Таа не ја добивала поддршката од нејзиниот сопруг, таткото на Роналдо, Хозе Динис Авеира, кој бил алкохоличар. Долорес во еден момент дури раскажала и дека размислува за абортус додека била бремена со Кристијано. Живееле во тешки услови.

Роналдо вели дека четири деца делеле една соба. Неговото детство било многу тешко, па често вели колку жртва многупати морала да поднесе неговата мајка за тие да ги имаат основните услови за живот.

„Таа ми овозможи сè и го жртвуваше нејзиниот живот за мене. Многупати си легнуваше гладна за да имам јас што да јадам. Немавме пари, а таа работеше седум дена неделно за да можам јас еден ден да станам фудбалер. Целиот мој успех и го должам на неа“, изјавил Роналдо.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version