Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Неверојатен потег на режисерот: Му испратил 200 пакувања никотински кесички на Роберт Патинсон за да ја прифати улогата

media-libraryvd6macejjckn4bTwgex

Режисерот Ленс Опенхајм пронашол необичен начин да го убеди Роберт Патинсон да ја прифати главната улога во филмот „Primetime“ – му испратил 200 пакувања никотински кесички Зин, заедно со најновата верзија на сценариото.

Во интервју за списанието „Vulture“, Опенхајм открил дека Патинсон првично требало да биде само продуцент на филмот, но режисерот сакал токму тој да го глуми водителот Крис Хансен. Актерот на почетокот ја одбил понудата, па сценаристот Ајон Синг поминал една недела преработувајќи го сценариото во обид да го предомисли.

Опенхајм, сепак, одлучил да пристапи на поинаков начин. Според неговите зборови, Патинсон во тој период се борел со зависност од никотинските кесички Зин. Бидејќи во САД наводно имало недостиг од овој производ, режисерот замолил пријател да му испрати 200 пакувања од Канада.

Пратката била адресирана на „Chris Han-Zyn“, необична игра со името на Хансен и називот на брендот. Заедно со кесичките, Патинсон ја добил и новата верзија на сценариото. Набргу потоа, актерот се јавил и потврдил дека ја прифаќа улогата.

Опенхајм го споредил моментот со објавата на кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс дека преминува во „Мајами Хит“.

Филмот „Primetime“ е сместен во 2006 година и го истражува настанувањето и брзиот подем на телевизискиот формат „To Catch a Predator“. Во емисијата, Крис Хансен и неговиот тим користеле скриени камери и соработувале со полицијата за да ги фатат лицата осомничени за обид за средба со малолетници.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
lila-naslovna-2

Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз

пред 20 часа
media-libraryhbsnr9d9n3q08MPasHf

„Дознав нешто страшно и ставив крај“ – Зоран Бирташевиќ откри зошто го прекинал пријателството со Јелена Карлеуша

пред 21 час
media-library12f9odd1fthe74ZN88w ВИДЕО

(Видео) Ги слушале тинејџери, а со „Ѓурѓо“ стигнале до повозрасна публика – Стефан за пресвртот на „Некст тајм“

пред 21 час
media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс ги призна своите грешки и жали за јавните обвинувања кон семејството

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања